На подрачјето на Скопје вчера 10 сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, пет сопатници и двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и пет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците во зона на крстосница, како и 34 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 40 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во Основното и подрачното училиште „Димитар Попгеоргиев Беровски“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски