На подрачјето на Скопје вчера 10 сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и една со тешки телесни повреди. Истата се случила во 12 часот кај Смиљковско езеро во која учествувало патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски таблички. Возилото излетало надвор од киловозот и удрило во металните браници од автопатот. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на моторното возило и еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото.

Се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Братство и единство“ кое се наоѓа во населеното место Средно Коњари со учениците од второ и четврто одделение и во средните училишта „Васил Антевски Дрен“ и „Д-р Панче Караѓозов“ кои се наоѓаат во Кисела Вода и „Зеф Љуш Марку“ во Чаир со учениците од втора и трета година.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Од утре и во наредните четири дена по повод верскиот празник Велигден се очекува зголемен пристап на граѓани околу верските објекти поради што ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција. Во оваа насока, на 19 април, сабота, од 19 до 02 часот на 20 април, недела, ќе биде пренасочен сообраќајот околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и тоа на бул. „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со ул. „Франклин Рузвелт“, кај „Симпо“, се до крстосницата со бул. „ВМРО“ и зградата на Македонски пошти и на бул. „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со бул. „Илинден“, кај Владата на Република Македонија, се до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“ кај студентскиот дом.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу Нови Сад: Камионџија заспа на волан, удри во возила и прегази полицаец

25-годишен скопјанец осомничен за две кривични дела откако го усмрти пешакот Југослав Николовски

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

Загина маж во сообраќајка на „Ленинова“, возачот е во бегство

Горан Наумовски

Срби на пат кон Грција, ќе загинеле во сообраќајка кај Демир Капија

Горан Наумовски