На подрачјето на Скопје осум сообраќајки за 24 часа

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, двајца пешаци и тројца сопатници во моторни возила.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, тројца возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и девет возачи кои непрописно ги паркирале возилата на тротоари или на велосипедска патека.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ЦОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ кое се наоѓа во населеното место Долно Количани и во подрачното основно училиште во населено место Горно Количани со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски