На подрачјето на Скопје 9 сообраќајки, пајакот отстранил 67 возила

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле седум лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 19 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 20 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе реализира едукативни работилници во подрачните основни училишта „Битурија“ во населените места Грчац, Љубен и Крушопек кои се наоѓаат на територијата на општина Сарај со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска има најава за еден вонреден настан. По повод патрониот празник на општина Кисела Вода, 6 Мај, ќе се одржи цветно дефиле на кое што ќе учествуваат учениците од основните училишта на подрачјето на општина Кисела Вода. Истото ќе започне во 11 часот пред Општината Кисела Вода. За време на движењето на учесниците во дефилето од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување – физичко регулирање, а во зависност од потребите сообраќајот ќе биде етапно пренасочен по околните сообраќајници.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје