На планинарски марш почина планинар од Прилеп

Од:

Четириесет и осумгодишен планинар од Прилеп, учесник на меморијалниот планинарски марш организиран од Прилепското еколошкото планинарско спортско друштво „Картуш“, почина изутрината кај чешмата викана Бозовец, на само по еден до два километри пешачење од стартот кај превојот Плетвар.

– Одеднаш на планинарот му се слоши и падна. Притрча лекарот кој е со нас, а имаме и доброволци од Црвениот крст. Но, се беше залудно. На импровизирани носила од гранки го донесовме на превојот Плетвар, повикавме екипа од Итната помош да го преземат планинарот, истакна претседателот на Друштвото, Ице Димески.
Според Гоце Јонзоски, началник на службата за Итна помош станува збор за прилепчанецот Горанчо Петрески, роден 1966 година.

– Се случило околу 9:45 часот. Човекот претрпел инфарт и починал веднаш. Лекарите ја констатираа смртта на планинарот, рече Јонзоски.

Планинарскиот меморијален марш насловен „Петар Андоновски-Музичарот“ во должина од 20 километри е традиционален. Се одржува по 9-ти пат во организација на еколошко планинарското спортско друштво „Картуш“.

Годинава учествуваат 550 планинари од пелагонискиот регион, а маршрутата е од превојот Плетвар, преку Селечка планина до манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски