„На Петровден сите на планина“ – средба на Власи на Пониква

Од:

На терените на Пониква на Осоговските планини денеска се одржа манифестацијата „За Петровден сите на планина“ во пресрет на верскиот празник Петровден и празникот на градот Кочани.

„За Петровден сите на планина“, што се организира десетта година по ред, и годинава беше средба на неколку генерации, средба на искуството на доајените на влашката песна, со ентузијазмот и енергијата на младите.

Во името на градот Кочани присутните ги поздрави Аника Илијеска Горгиева, од секторот за општествени дејности која изрази благодарност до групата „Грамостеањ“ од Скопје за континуираната организација и одржување на манифестацијата.

– Особено сме среќни што и годинава покровител на фестивалот „За петровден сите на планина“ е општината Кочани, која оваа манифестација ја вброи во содржините по повод празникот на градот, истакна Илијеска Горгиева.

Манифестацијата всушност е потсетување на годините од минатиот век кога за Петриовден на Пониква кај Влашките колиби се собирал броен народ, се простирале богати софри, се пеело и играло неколку дена по ред од утро до мрак. Тоа била средба на влашките семејства кои со својата стока престојувале на мандрите и влашките колиби на Пониква.

За потсетување на минатите времиња пејачката група „Грамостеањ“ од Скопје од 2008 година па наваму секоја година традиционално пред Петровден ја организира оваа манифестација на која доаѓа броен народ од повеќе краеви на Македонија и Балканот чии корени се влашки семејства кои потекнуваат од Пониква и Осоговијата а сега раселени насекаде низ светот.

Во културно умнетничкиот дел од манифестацијата настапија пејачки и фолклорни групи и оркестри од Скопје, Штип, Куманово, како и гости од Албанија и Бугарија, кои ја негуваат влашката песна и фолклор.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски