На патот Штип-Кочани се судрија товарно возило и автомобил, нема повредени

Од:

На магистралниот пат Штип-Кочани попладнево се случи сообраќајна несреќа на потегот меѓу селата Долни Балван и Чардаклија во која учествувале тешко товарно возило и автомобил.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека според првичните информации од терен нема повредени учесници во несреќата, но има материјална штета.

Од страна на екипи на СВР Штип во тек е увидот, а сообраќајот е во прекин на патот Штип-Кочани и полицијата го пренасочува преку други алтернативни патишта, односно преку селото Таринци кон Штип или во спротивен правец.

По завршување на увидот сообраќајот ќе биде нормализиран.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он