На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе испрати и пораки и за претстојните локални избори. Мицкоски укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.

– И тоа го говорат анкетите, но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но, сакам да кажам дека секоја победа мора да се заслужи со работа и со чесност. Нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа „ние, и јас како човек во животот не сме добиле ништо незаслужено“.

-Затоа мора да се стисне секоја рака, да се побара поддршка од секој човек. Затоа што луѓето на Македонија заслужуваат шанса каква ќе понудиме и избор кој ќе биде вистинскиот. Тоа се луѓето кои ги нудиме за кандидати за градоначалници. Секој еден кандидат ќе биде вашиот човек во општината. Вашиот одговор за решавање на прашањата кои ги мачат граѓаните. И секој еден кандидат мора да се држи до вредностите и принципите кои се се во животот на еден човек. Моралниот кодекс значи секогаш да кревате телефон на граѓаните, да решавате проблеми и да создавате подобра иднина, кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на тоа какви треба да бидат градоначалниците.

-Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Градоначалникот мора да биде работлив, чесен и достоен – човек што ќе ја носи довербата како најголема чест, а не како лична привилегија. Градоначалникот мора да биде секој ден со граѓаните – во улиците, во маалата, меѓу луѓето. Прв да дојде на работа и последен да замине. Градоначалникот мора да биде транспарентен – секоја потрошена пара да биде јасна, секоја одлука да биде за општото добро. Градоначалникот мора да биде одговорен – затоа што секоја негова одлука го менува животот на илјадници луѓе, посочи Мицкоски.

Според Мицкоски токму такви луѓе им требаат на граѓаните и додаде „не политичари што мислат на следниот изборен циклус, туку градоначалници што мислат на идните генерации, што исполнуваат“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски