ВИДЕО: На Ортопедија при ТОАРИЛУЦ пуштено во функција целосно опремено реновирано крило

Од:

На Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) пуштено е во функција целосно опремено реновирано крило, со болнички капацитети, санитарни чворови, простории за болнички пациенти. Увид во реновираното крило денеска направија премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Заев изјави дека одбележуваат уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во земјава првенствено во интерес на граѓаните заради грижата за нивното здравје, и заради докторите, професорите и други здравствени работници.

– Во изминатиот период додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата линија на борбата против пандемијата со Ковид-19 не престана и грижата за обновата на болничката инфраструктура и за опремување на нашите здравствени капацитети со најдобрата и најсовремена опрема за врвни здравствени услуги за нашите граѓани. После 40 години блокот А на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ ќе продолжи да ги прима пациентите во реновирани простории опремени со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите. Претходно на ТОАРИЛУЦ беше направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди, се заменија и надградија сите постојни инсталации за безбеден и непречен доток на медицински гасови, сигурна електрична и нова водоводна инсталација, рече Заев.

Со сите овие чекори не само на оваа Клиника, туку и голем број други болници ширум државата, посочи премиерот, покажуваме цврста определба и залагање за развој на современо и модерно јавно здравство фокусирано на здравјето на сите наши граѓани.

Потенцира дека после долги години го вратиле достоинството на здравствените работници и нивните соработници преку зголемување на нивните плати, ги мотивирале да останат и да работат во јавното здравство, а тие возвратиле со огромна посветеност во најтешките денови со пандемијата со Ковид-19.

– Наша одговорност е грижата за пациентите и здравствените работници и ние ќе продолжиме со подобрување на состојбите во севкупното наше јавно здравство, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека реновирањето на Клиниката е уште едно од низата реновирања во Хирушките оддели и во Клиничкиот центар. Посочи дека продолжуваат со оваа динамика на реновирање одделенија кои се стари и повеќе децении не се реновирани. Овој оддел, истакна, повеќе години не бил реновиран и сега е целосно реновиран и пружа пријатни услови за лекување на пациентите и за работа на здравствениот кадар кој тука поминува огромен број часови од својот животен век, целосно посветен на подобрување на здравствената состојба на пациентите.

– Оваа Клиника е позната по својата експертиза и искуство. Со години на ова одделение и само тука во државава се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем и деца кои заболуваат од истата болест. Токму затоа се реновираат овие делови, а децата и возрасните кои имаат потешкотии пред и после операцијата со одењето, со закрепнувањето, сега престојуваат во целосно реновирани апартмани, соби со два кревети што одговара на стандардот на болниците насекаде во светот. Следува уште една тура реновирање, а тоа се амбулантите, уште едната последна операциона сала која не е реновирана на овој спрат и другото крило од спротивната страна на овој ходник со што практично се заокружува целиот циклус на реновирање на сите одделенија кои се наоѓаат во најстарата зграда на хирургија, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски потенцираше дека по долги години едно цело крило од Клиниката за ортопедија целосно се реновира, со болнички капацитети, со санитарни чворови, со простории за болнички пациенти. Посочи дека драго му е што имаат поддршка за се од Владата и од министерот Филипче.

– Како директор веќе девет месеци, единствено нешто што ме води е пациентот и сакам да има задоволни пациенти, затоа што ако има задоволни пациенти ќе има задоволен медицински кадар. Оваа Влада доволно направи за дигнитетот на здравствениот кадар. Нас ни преостанува само да се посветиме на пациентите и да ја вршиме нашата работа најдобро што знаеме, додаде д-р Трајановски.

Би можело да ве интересира

Беким Сали е новиот министер за здравство

Ана Ололовска

МЗ: Чесно е Димитров да каже дека не присуствуваше на повеќето седници за ковид мерките

Ана Ололовска

Заев: Здравствените работници заслужуваат најголема почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста

Ана Ололовска

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, навремена реакција спречила експлозија

Ана Ололовска

МЗ: Од јануари ќе се исплаќа месечен надомест за специјализантите кои започнаа со специјализација во септември годинава

Ана Ололовска

Половина милион вакцини ни се донирани, а сме купиле 2,1 милион дози, цената останува тајна

Маја Илиевска-Пачемска