На официјалниот канал на МВР во 2012. година најгледано видеото од операцијата „Монструм“

Од:

Според податоците на веб-страницата ЈуТјуб, од 23 јуни 2010, кога стартуваше официјалниот канал на МВР па до денеска, направени се околу 1.500.000 прегледи на поставените 152 полициски видеа.

Како што денеска соопшти МВР, убедливо најгледани видеа кои се прикачени во 2012 се двата дела од Операцијата „Монструм“ со вкупно околу 360.000 прегледи. Понатаму, во најгледаните десет следувааат:„Предавање на водачот на навивачката група на ФК Партизан“ (60,044 прегледи),  „Кривична  пријава за убиство за полициски службеник“ (41,416), „Предупредуваме“ (38,941),„Фатен познат велешки нарко дилер“ (37,266), „Превземено лице од Косово“ (35,447), „Полициска акција Детонатор“ (34, 121), „ЕСЗ вежба – Аеродром“ (27,521)  и „Лишен од слобода познат нарко дилер“ (25, 466).

Од МВР посочуваат дека  снимките кои се објавуваат на ЈуТјуб се избираат со внимание и нивната содржина се дозира во согласност со законите и почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он