На новинарот Станковиќ нема да му се продолжи договорот со ТВ24 поради ангажман во Владата

Од:

На новинарот Љубиша Станковиќ кој беше ангажиран и во Владата како соработник, нема да му биде продолжен договорот за работа во телевизија „24 Вести“, дознава „А1он“.

Станковиќ инаку е соработник за комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем.

Тој е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година и добива месечен хонорар од 30.000 денари.

Информацијата дека на Станковиќ не му е продолжен договорот во Телевизијата ја потврди и главниот уредник Огнен Јанески

„Ќе имаме редакциски став за случајот, но, одговорот е дека тој има договор на привремено вработување, кој му завршува следната недела (на 5.6.2019) и ние не му го продолжуваме. Отказ не добива, туку не му се продолжува договорот. Ние му дадовме рок да се одлучи дали ќе остане во телевизијата или ќе остане портпарол на телото. Поради немање одговор, одлучивме да не му го продолжуваме договорот“, изјави Огнен Јанески, главен уредник на „24 Вести“.

За случајот со реакција се јави и Здружението на новинари на Македонија, кое ги повика своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат други ангажмани во рамки на Владата или останати јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција.

„По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани од институции на државно и на локално ниво, сакаме да укажеме дека тоа е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија. Во темелните принципи, кои ги имаат прифатено сите наши членови, една од основните професионални задачи на новинарите е „контролата врз власта и другите субјекти од јавниот живот“, соопштуваат од ЗНМ.

Често се случува новинарите да ги напуштат работните места и да се вработат во владините или државните Пи-ар служби, но досега ретки биле случаите да се открие дека новинари во исто време се платени од оние, кои според природата на својата професија, треба да бидат критичари на власта.

Последен таков случај беше откриен во 2005 година, кога беше обелоденета аферата „Фабрика“ и се откри дека десетина новинарски имиња по работното време за месечни хонорари пишуваат соопштенија за Владата и ги брифираат министрите. По обелоденувањето на аферата, „Фабрика“ беше затворена.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски