Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација, информира Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.