На местото на злосторството, в среда, вонредна седница на Советот на Центар

Од:

Огорчени од вандалскиот чин, кој се случи околу три и пол часот по полноќ, со сечењето на паркот спроти Бристол, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, договорија вонредна седница на Советот в среда.

Седницата наместо во просториите на општината ќе се одржи на местото на каде е извршено злосторството.
Градоначалникот на Центар Жерновски ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска да се изјаснат дали се со граѓаните и ја почитуваат нивната воља или повторно ќе застанат зад желбите и вољата на премиерот. Го повикива и премиерот Никола Груевски да излезе денеска на самото место на злосторството , за да не каже после дека не видел и дека жали за тоа.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски најостро го осудуваат вандалскиот и кукавички чин . Специјалци и полиција го обезбедуваа местото додека моторните пили безмилосно го уништуваа едно од последните зелени катчиња.

На ова место, на местото на дрвјата кое беше мала оаза за починка и средби на скопјани ќе никне објектот на Советот за радио-дифузија во барокен стил. И да се покаже вистинското лице и потези на власта, одлуката за „убивање“ на паркот, претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Тодоровиќ, ја донесе исто во раните утрински часови, плашејќи се од вољата и револтот на граѓаните.

„Злоупотребувајќи ја моќта која ја имаат ни ги врзаа Нам рацете, бидејќи овој објект е под целосни ингеренции на централната власт. Само за последните 10 години општинска власт, во Центарот на Скопје безмилосно уништија повеќе од 80 проценти од зеленилото.Наша обврска и заложба е да го зазалениме повторно Центар“, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски