На местото на „злосторот“, вечерва седница на Советот на Центар

Од:

Советот на општина Центар, вечерва на отворено, на местото на злосторот врз дрвјата кај Бристол, ќе одржи седница, која ќе започне во 20 часот.

Тема се актуелните случувања по „масакрот“ на дрвјата за да може да се исчисти просторот и да се изгради зграда на Советот за радио-дифузија во барок-стил.

Иако неколку пати беа повикувани да дојдат и да кажат дали ги штитат интересите на граѓаните или на политиките на Груевски, советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дојдат на вонредната седница.

Граѓаните бараат одговори и од Коце Трајановски, човекот кој ја издаде дозволата за градба, од Миле Јанакиевски, под чија надлежност е ова и од Никола Груевски, човекот кој, велат, ова го нареди.

Граѓаните жестоко се спротивставија, кога во раните утрински часови, претходниот советнички состав, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Тодоровиќ ги изгласаа измените во ДУП-от, со што се „отвори“ вратата за изградбата на оваа зграда на местото на паркот.

Во неделата, во 3 и пол часот по полноќ, со силно полициско обезбедување беа исечени дрвјата.

Општина Центар во понеделникот, донираше и засади 7 нови дрвја, а и граѓани донираа ново зеленило.

Сите велат: Власта не може толку да уништи, колку што ние можеме да позелениме.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски