А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На Македонци во Кина им истекува важноста на пасошите, бараат помош од МНР

by А1он28/12/2020 - 23:3629/12/2020 - 07:46936
Share0

Македонската заедница во Кина информира дека во Кина работат и студираат поголем број на Македонци, односно македонски државјани. За жал, поголемиот број од нив се соочени со истек на рокот за важност на пасошите, поради што и потребата за вадење на нови, се вели во писмото од група македонски државјани кои работат или студираат во далекоисточната земја.

Добивај вести на вибер

„Редовна постапка за поднесување на барања за пасоши и издавање на изготвени пасоши на македонските државјани, преку македонските амбасади и конзулати во странство, се реализира исклучиво со мобилна станица, а во согласност со Владиниот акционен план за 2020 година. Во Акциониот план на Македонската Влада за периодот јануари-декември 2020 година, за прием на барања и издавање на пасоши преку македонските амбасади и конзулати, опфатени се само градовите: Мелбурн, Канбера, Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана.

Амбасадата во Пекинг не е опфатена во Акциониот план на владата и ги упатува македонските државјани во Кина да отпатуваат во Македонија и таму да извадат пасош. На тој начин, Македонците кои работат и студираат во Кина, се ставени во крајно незавидна положба и соочени со огромен финансиски трошок што ќе ги чини губење на работните места, разделба со семејствата како и прекин на студиите, поради неизвесноста од враќање назад заради мерките од пандемијата со коронавирусот,“ велат Македонците во Кина.

„Ја разбираме немоќта на Македонската амбасада во Пекинг да излезе во пресрет на барањата на Македонците во Кина, и затоа апелира до Македонското МНР во Акциониот план за распоред на мобилните екипи на визниот центар за поднесување на барања за пасоши и издавање на изготвени пасоши на македонските државјани за 2021 година, Пекинг да биде утврден во месец јануари 2021 година, поради ургентноста од потребата за нови пасоши за Македонците во Кина!

Македонската заедница во Кина бара Владата да овозможи, македонските државјани во странство кои не можат да се вратат дома по нов пасош на време, поради пандемијата со корона вирусот, поднесувањето на барањето за пасош и издавањето на пасошот да се врши со полномошно на член од нивното семејство во Македонија!“, додаваат тие во обраќањето.

mnrpasosi

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен