А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

На Лопушник Кичевско, одбележани 74 години од смртта на Кочо Рацин

by А1он13/06/2017 - 20:18541
Share0

Делегација на Општина Велес и на манифестацијата „Рацинови средби“ денеска го посети Лопушник Кичевскo местото каде што на 13 јуни 1943 беше убиен Рацин и на спомен обележјето во негова чест положија букети цвеќе и му оддадоа почит на поетот и револуционер.

Добивај вести на вибер

Коста Солев Рацин се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ отпечатена во 1939 година во Самобор во Хрватска претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература.

Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литертарната критика. Познат е и по неговата „Антологија на болката“ стихови кои на картички и ги пишувал на саканата симпатија Рахилка Фирфова Раца, по која го добил прекарот Рацин.

Вечерта на 13 јуни 1943 година додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, Рацин смртно бил застрелан.

Има две верзии околу смртта на Рацин. Според првата, станува збор за несреќен случај, поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој бил намерно убиен.

Во негова чест во родниот Велес секоја година се одржува културната манифестација „Рацинови средби“.

Коста Солев попознат како Кочо Рацин бил роден на 22 декември 1908 година во Велес.

kicevokoco racin

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:32

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он28/10/2025 - 19:35

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:00

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он25/10/2025 - 10:5225/10/2025 - 10:52

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Горан Наумовски26/08/2025 - 09:53

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:2805/08/2025 - 17:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен