На локалните избори учествуваат 8.878 кандидати за градоначалници и за советници

Од:

На петтите локални избори по независноста на Македонија, што се одржуваат денеска ќе учествуваат 8.878 кандидати за градоначалници и советници. Поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. На советничките листи се кандидирале вкупно 8.528 лица.

Најголем број кандидати за градоначалници има во Градот Скопје – девет, додека по двајца кандидати има во Кичево, Пласница и Центар Жупа. Најмногу кандидатски листи за советници има поднесено во Македонски Брод – 20 со 220 кандидати за советници, а најголем број кандидати за советници има во Градот Скопје – 405 каде има поднесено девет кандидатски листи за советници.

Изборите се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје. Во Единствениот избирачки список се запишани 1.743.403 граѓани, кои ќе гласаат на 2.976 гласачки места.

Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список 88.708 кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола – 152, а таму треба да гласаат 81.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он