На Криволак уништени гранати од Првата и Втората светска војна

Од:

Неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна вчера беа уништени на Армискиот полигон Криволак од страна на пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ДЗС соопштија дека уништувањето на неексплодирани убојни средства (НУС) е повеќедневна, комплексна операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување на НУС.

– Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации на нашата земја и потекнуваат од Првата и Втората светска војна, информираат од Дирекцијата.

На операцијата присуствувал и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, при што му биле презентирани најсовремените средства за уништување на НУС, кои биле набавени од страна на Дирекцијата.

Џаферовски, како што соопштија од ДЗС, ја искористил приликата да им да се обрати на пиротехничарите за решавање на нивниот статус, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа.

– Директорот ја истакна и потребата од вработување на млади пиротехничари и нивна обука за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и за потребите на нашата земја, информираат од ДЗС.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он