На Криволак уништени 1.150 убојни средства

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) деновиве по стандардно оперативни процедури изврши уништување на неексплодирани убојни средства на воениот полигон Криволак.

Како што информираат од ДЗС, уништувањето е извршено според годишниот план на 9, 14 и 28 јули од страна на пиротехничарите при што се уништени 1.150 парчиња неексплодирани убојни средства од разни калибри на артилериски зрна, рачни бомби, авио бомби и мини.

Уништените убојни средства се пронајдени во период од две години на територијата на државава.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он