На кого не му одговараат реформи во правосудството, одложено гласањето на Законот за Судски совет

Од:

На почетокот од денешната седница на Собранието на РСМ пратениците од ДУИ со оглед на ситуацијата со ИВЗ и вчерашната пресуда за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски, велејќи дека има селективна правда во државата, побараа Законот за Судскиот совет да биде ставен како прва точка на дневен ред и денеска да биде изгласан. Ова барање беше поддржано од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но по паузата, предлог не беше изгласан. Точката за Законот за Судски совет остана како последна и денеска воопшто нема да дојде на дневен ред.

-На почетокот направија лажна кавга, да се стекне впечаток дека сите се за реформи во судството, но по ова што го видовме изгледа никој не ги посакува и на никому не му одговараат тие промени, велат за А1он извори од пратеничките клупи.

И Претседателот на ЛДП, Горан Милевски по овој театар во Собранието се огласи на социјалните мрежи.

– Со политички игри, повторно одложено донесувањето на дополнителниот Предлог на Законот за Судскиот совет. Реформите во судството повторно одложени. Опомената од првиот круг не сум сигурен дека ја разбравме, напиша Милевски.

Законот за Судски совет веќе еднаш беше изгласан во Собранието, но откако претседателот Иванов пред повеќе од еден месец одби да го потпише, истиот е вратен на прегласување во парламентот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца