На Клиниката за ортопедија во Скопје: Успешна трансплантација на коска од донор

Од:

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека пациентот бил испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилитација.

– Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиологот Јадранка Зафировска со анестетичарот Златка Апостолова, инструментарката Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз. Сакам да изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, се наведува во писмената изјава на доктор Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Во изјавата на Кузмановска се додава дека нивната цел е зголемување на свеста за органодарителство, „како највисока и најблагородна форма на хуманизам, што е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on

Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

Во клиниката ТОУРАЛЕЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот

Лекарите од Клиниката за ортопедија за првпат пресадија коскено ткиво од починат дарител

Жарко Настоски

За првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

Предраг Петровиќ