На Клиниката за хематологија извршена трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор

Од:

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина. Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот.

– Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот. Пациентката, немаше друг фамилијарен донор. Хуманоста и високата свест за донација се основен мотив за спасување на млад човечки живот кој боледува од тешко малигно – хематолошко заболување.Тимовите за трансплантација и дарителскиот регистер прв пат учествуваат во зафатот кога се трансплантираа матични клетки од македонски несроден донор кои веруваме дека ги зголемуваат шансите да се спаси животот на пациентката на клиниката за Хематологија велат од Клиниката за Хематологија.

Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина (МКДРКС) е основан во рамките на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на Медицинскиот факултет во Скопје во 2010 година и од 2013 година е рамноправен член на Свтеската асоцијација на донори на коскена срцевина (WMDA). Во него членуваат засега само 5000 доброволни дарители. Секој од нив, утре на некој од нас може да ни го спаси животот.

Од клиниката за хематологија апелираат до сите здрави лица на возраст од 18 до 55 години да станат дел од дарителскиот регистер и да помогнат во третманот на пациентите на кои им е потребно лекување со трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

На Клиниката за хематологија отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб