На јавна анкета и презентација уште еден ревидиран ДУП во Општина Центар

Од:

Општина Центар од денеска до 23-ти мај го става на јавна анкета Деталниот Урбанистички План за Градската четврт Ц03 – Соборен храм. Ова е уште еден од плановите кои во изминатиов период беа под таканаречениот „мораториум“, а кај кој се направени усогласувања со Генералниот Урбанистички План на Град Скопје, но се постигнати и низа измени и придобивки во интерес на жителите на овој дел од Општина Центар, соопшти локалната самоуправа.

Планот ќе биде изложен во горенаведениот период , секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ на ул.„Антоние Грубишиќ“ бр.8.

Сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат достават предлози и забелешки во однос на истиот ќе можат да го направат тоа преку анкетни листови кои треба да ги достават во училиштето, но и по електронски пат на [email protected] и веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15.05.2019 (среда) во 13:00 часот во Општина Центар (барака бр. 6).

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно