На избирачко место во Кавадарци половина час прекинато гласање

Од:

Половина час било прекинато гласањето на избирачко место во Кавадарци, по што гласањето продолжило без проблеми. Како што информираше попладнево Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сопружници го нарушиле избирачкиот процес.

– Во 12:00 часот  на избирачко место број 0667 во О.У. „Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци од страна на Избирачкиот одбор при прекин на гласање, побарана е помош од полициски службеник, кој во моментот бил ангажиран на обезбедување на гласачкото место, соопшти Стојковска.

Имено, пријавено било дека сопружници од Кавадарци, при гласање го нарушиле изборниот процес.

– Сопругот го земал гласачкото ливче на својата сопруга и го скинал по што и двајцата ја напуштиле просторијата. Во  врска со настанот, едно лице е лишено од слобода и обезбедено е искинатото гласачко ливче, рече Стојковска.

За настанот земен е записник за примање на пријава од заменик претседателот на Избирачкиот одбор. Се работи на целосно расветлување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он