На иницијатива на студенти од Македонија пет држави започнуваат истражувачка мрежа

Од:

Студентската конференција на универзитетите во Србија во иднина ќе соработува на истражувачки проекти со колеги од четири други земји во регионот. Идејата е дојдена од академиците од Северна Македонија, со кои во Белград е потпишан договор за соработка.

Регионалната студентска истражувачка мрежа ќе се состои од студенти од пет земји и ќе работи на промовирање на истражувачки студентски работи со професори кои се експерти во соодветните области. Засега, ќе се однесува само на општествените науки, соопшти РТС.

Дона Петрова, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола, посочи дека во моментов во регионот не постои таква академска мрежа.

-Исто така, видовме дека истражувачката работа на студентите не е многу добро застапена. Затоа решивме да направиме регионално списание, изјави Петрова.

Маргарета Смиљаниќ, претседател на Студентската конференција на универзитетите во Србија, наведе дека целта е до крајот на годината да се дефинира како ќе се организира ова новоформирано тело, кое ќе се состои од претставници на студенти од пет земји.

За таа цел, тие посетиле ресорни министерства, а реакциите на академиците се позитивни.

Илија Петровиќ, потпретседател на Студентскиот парламент на Универзитетот во Крагуевац, изјави дека досега не бил вклучен во проекти од сличен тип, но дека ова е голема шанса за поддршка на студентите на докторски и магистерски студии, но и на студенти на основните академски студии, на кои ова можеби ќе им биде прво вклучување во научни истражувања.

Игор Кнежевиќ, студент проректор на Универзитетот во Нови Сад, оценува дека со договорот се подигнува соработката на студентите од регионот во областа на науката на повисоко ниво. Тој се надева дека ова е почеток на една успешна соработка.

Македонските студенти го продолжија патувањето кон Источно Сараево, Подгорица и Драч. Кон крајот на октомври следува состанок во Охрид, со цел давање конечната форма на нивната идеја.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран на Балканот, температурите одат и над 40 степени

А1он

Унгарија: Балканот повторно се претвора во буре барут

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите