На инфективните оддели во земјава се лекуваат 608 пациенти со Ковид-19

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 35 пациенти, во Прилеп 33 во ковид – центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани двајца, во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија четири лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вакцинирани безмалку 3.000 здравствени работници, 119.000 граѓани чекаат во редот за имунизација против Ковид-19

Жарко Настоски

807 нови случаи на Ковид-19, починати се 5 лицa

Ана Ололовска

МЗ: Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 750 пациенти

Ана Ололовска

428 санкции за неносење маска

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти

Ана Ололовска