На инфективните оддели во земјава се лекуваат 591 пациент со Ковид-19

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 44 пациенти.

Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 21, во ковид – центарот во Гостивар 12, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 30, во Гевгелија четири лица, а во Дебар 13.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски