На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 825 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 500 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од МЗ.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

1092 нови случаи на Ковид-19, починати се 32 лица

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ на нов протест пред Министерството за здравство: Имаме 4150 починати лица, тоа е како да го снема Крушево

Катерина Павлова-Николовска

73 нови хоспитализирани во Скопје, во ковид центрите се лекуваат 1687 лица

36 прекршувања на полицискиот час и 434 казни за неносење маска

Во една недела затворени осум угостителски објекти поради непочитување на протоколите

Идната недела завршува вакцинацијата на приоритетните групи