На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1298 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Би можело да ве интересира

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема

Ана Ололовска

Во Скопје уште девет жртви на Ковид-19, само еден од починатите имал над 70 години

Жарко Настоски

1.160 новозаразени со коронавирус, 30 лица починале

Жарко Настоски

Шахпаска на средба со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19 градинките се безбедни

Ана Ололовска

Вирусот се шири преку големи собири и прослави, покажуваат анкетите, кластерите тешко се лоцираат

Кристијан Ландов

Од понеделник 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравство, најави Шекеринска

Ана Ололовска