На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти, слободни кревети има

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а слободни кревети има, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во Штип 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството за здравство.

Сите одделенија на клиничките болници, се вели во соопштението, располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и Министерството е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски