На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 604 пациенти, слободни кревети има

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 315 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ наведоа дека по извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти.

– Во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, додадоа од Министерството.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 604 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот градоначалник Илија Јовановски е позитивен на коронавирусот

Жарко Настоски

725 новозаразени со коронавирус, 13 пациенти починале

Жарко Настоски

Не се исклучени нови мерки, но засега нема потреба, вели Филипче

Жарко Настоски

Мијалков немал покачена температура пред да влезе кај Рускоска

Пристигна втората пратка вакцини од српската донација

Катерина Павлова-Николовска

Со Ковид-19 инфициран дел од медицинскиот персонал на Заводот за кардиваскуларни болести во Охрид