Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 343 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 17 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од МЗ.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 595 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, известува Министерството за здравство и додава дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Исто така, Министерството вели дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.