На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 514 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, соопштува Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска