На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1068 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Филипче: Уште е рано да ги вадиме маските на отворено, рано е и за концерти и свадби

Жарко Настоски

16 починати од Ковид-19, регистрирани 25 нови случаи од 1.016 тестови

Жарко Настоски

Шахпаска: Состојбата во градинките е добра, предлог бројот на децата да се зголеми од 15 на 20

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19: Да се вакцинираме сите и да излеземе побрзо од пандемијата

Ана Ололовска

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 748 пациенти

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти

Ана Ололовска