На хуманитарниот турнир во Прилеп се собрани 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа

Од:

„Локалниот спортски сојуз – Прилеп“ денеска одржа прес-конференција на која го презентира конечниот пласман на екипите и финансискиот ефект од неодамна завршениот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“.

Според претседателот на прилепскиот „Локален спортски сојуз – Прилеп“, Гоце Макалоски, публиката проследи квалитетни натпревари, а учесниците покажаа фер игра и спортски дух.

Во категоријата сениори првото место го освои екипата на „Марфил“, а кај ветераните најдобра беше екипата на „Златна рака“. Пионерите се натпреваруваа во три категории: генерација 2005, 2006 и 2007, при што првите места им припаднаа на екипите на „Кафе вирус“, „Ла Костас победа“ и „Теко солар јуниор“.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Драган Петровиќ од екипата на „Марфил“, неговиот соиграч Иван Стојановски за најдобар голман, а најдобар стрелец на турнирот беше Јорданчо Наумоски од „Мите транс“.

„Што се однесува до финансискиот дел на турнирот, од котизации, донации, влезници и од трансфер на средства од Општината Прилеп собрани се 808.220 денари. Од нив, на име награди, персонален данок, ангажирани лица, греење, печатење рекламен материјал и други материјални трошоци потрошени се 628.386 денари. Тоа значи дека од фудбалскиот турнир е остварен приход од 179.834 денари, средства што, како што најавивме и ветивме, ќе бидат уплатени на наменска сметка на Општина Прилеп за опремување на Центарот за деца со церебрална парализа“, истакна првиот човек на „Локалниот спортски сојуз – Прилеп“, Гоце Макалоски.

Градоначалникот Илија Јованоски искажа благодарност до организаторите, учесниците на турнирот и до многубројната прилепска публика. Сите тие придонесоа турнирот да биде успешен и од спортски, но и од хуманитарен аспект.

„Му изразувам честитки на организаторот, ‘Локалниот спортски сојуз – Прилеп’, кој успешно ја организира оваа манифестација. Благодарност и до сите спортски екипи и спортски работници што учествуваа на турнирот. Како што знаете, турнирот имаше хуманитарен карактер. Средствата што се собраа се во висина од 180.000 денари, а ќе бидат наменети за Центарот за деца со церебрална парализа. Собраните средства ќе значат почеток, заживување на овој Центар“, потврди градоначалникот Јованоски.

На средбата во својот кабинет со претставници на „Локалниот спортски сојуз – Прилеп“ градоначалникот Јованоски изрази надеж дека в година турнирот ќе има уште поголема масовност и помногубројна публика.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски