На граничниот премин Свети Наум откриени три килограми марихуана

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Свети Наум спречија обид за нелегално внесување на 3 кг марихуана. Уапсени се еден македонски и еден израелски државјанин.

Вчера околу 17:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Свети Наум пристигнал автомобил Мерцедес Бенз – такси со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин, во кое како патник патувал македонски државјанин со иницијали А.М. Царинските службеници пристапиле кон рутински преглед, при што во патните торби сопственост на патникот, пронајдени се три најлонски кеси со непозната тревкаста материја, обвиткани со маици и сместени помеѓу алиштата. Со тестирање на материјата  утврдено е дека станува збор за Cannabis Sativa, т.е марихуана во вкупна тежина од 3 кг.

По откривањето на случајот и брза акција на царинските инспектори од Одделението за истраги, во Охрид е лоцирано лице со иницијали Г.Р. – израелски државјанин со унгарски пасош, сопственик и организатор на транспортот на дрогата.

Против сторителите, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до охридското Јавно обвинителство, а сторителите ќе бидат изведени пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски