На градските улици и булевари фрлени 250 тони сол

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Градските власти потсетуваат дека индустриската сол има ефект до – 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување голомразица на коловозот и апелираат на голема внимателност во сообраќајот.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

– Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, соопшти Град Скопје.

ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници