На Градскиот стадион во Кочани започна монтирањето на системот за наводнување

Од:

Активностите околу доопремување и модернизација на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани се одвиваат според предвидената динамика и се реализираат фазно.

Механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ работеше на ископ на каналите околу фудбалскиот терен, кој целосно е завршен. Од денеска започна и монтирањето на опремата, за да може во најкус можен рок таа да се активира.

– Станува збор за цевководна инсталација и водени топови со распрскувачи со кои ќе се врши наводнување на тревата на теренот. Опремата е автоматизирана што значи дека наводнувањето ќе се врши според потребите и од сопствен бунар за техничка вода што максимално ќе ги намали трошоците по тој основ, изјави Владо Андов претседател на Трета фудбалска лига – исток.

По завршувањето на оваа фаза веднаш ќе започне да се реализира втората, која се однесува на соодветна обработка на површинскиот слој на теренот, со цел да се рехабилитира и да се елиминираат деформитетите, односно нерамнините. Дури потоа ќе започнат активностите за поставување на 3.000 столчиња на двете трибини и соодветно преуредување на просториите за службени лица во внатрешноста на подтрибинскиот простор.

Се очекува Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани од наесен да биде подготвен за одржување на меѓународни натпревари од повисок ранг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот