Завчера во 21.10 часот на граничниот премин Богородица на влез во Р.Македонија, при пасошка контрола се јавило лицето И.Ј.(44) од Белград – Р.Србија, при што е констатирано дека истиот се бара од страна на Интерпол за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На лицето му е определена мерка „екстрадиционен притвор“ во траење од 40 дена и иситиот е предаден во КПУ Затвор – Скопје.