На Димче Крстев на 20 декември ќе му се суди за шлаканиците во Центар

Од:

За 20 декември во кривичниот суд е закажно судењето за седмообвинетиот Димче Крстев, за кого судот на глваната расправа за насилствата во општина Центар, одлучи да ја раздвои постапката. Нему ќе му се суди одвоено.

Тој на минатото рочиште рече дека нема адвокат кој би го застапувал. Побара да се одложи судењето со објаснување дека се чувствува лошо и се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето. „Полиција влезе кај мене дома во 4 часот за присилно да ме приведе“, рече тој на претходното рочиште и додаде дека му треба време да обезбеди адвокат кој ќе го застапува пред судот. Судијката Татјана Михајлова истакна дека не ја повлекла наредбата за стражарно приведување зашто документацијата била доставена од адвокат што нема полномошно дека може да го застапува.

Крстев се изјасни дека не е виновен. Ова е втора од трите издвоени постапки за насилството пред Општина Центар. Томислав Лазаров и Јордан Ристевски од вкупно 14 обвинети ја признаа вината.

В. М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар