На „Деве Баир“ запланети се 71 килограм марихуана

Од:

Вчера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин „Деве Баир“ спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.

На граничниот премин на излез од државата се пријавило возило со германски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм.

Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски