На чекор сме до легализација на канабисот за поседување и лична употреба

Од:

Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба, декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба, разгледување можности за основање и работење на социјални клубови, се дел од точките што ќе ги разгледува „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”.

Оваа работна група е составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, стои во објавата на Владата од последната седница.

Останатите прашања за либерализација на Законот се зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис, потоа дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препарати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории).

Мандатот на работната група ќе ги опфати овие прашања поврзани со регулација на производство и употреба на билката канабис а ќе биде основана Агенција за канабис.

Од Владата предлагаат и формирање Фонд од давачките/даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис да ги плаќаат кон државата, со цел поддршка на проекти од општествен интерес во сферата на лекување на ретки болести, медиуми, медиумски работници и продукција на домашни медиумски содржини, граѓанското општество, културата и спортот, како и за поддршка на работата на Агенцијата за канабис.

А1он вчера објави дека активистите ја обвинуваат Владата за тоа што ЦБД сортата е тргната од листата на наркотици од Светската здравствена организација и Обединетите нации, а кај нас таа и покрај усогласување на листите со меѓународните правила, и натаму има третман на дрога.

Би можело да ве интересира

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски