На Богородица спречен шверц на свечени фустани

Од:

Царинските службеници на граничниот премин Богородица рано утрово спречија обид за шверц на голема количина свечени фустани наменети за Германија.

При рутински преглед на патничко моторно возило со германски регистерски таблички, управувано од турски државјанин придружуван од сопатник германски државјанин, на влез во Република Македонија, царинските службеници забележале дека е полно со картонски кутии со стока, која лицата воопшто не ја пријавиле за царинска контрола.

– При детален преглед, пронајдени се вкупно 480 непријавени свечени фустани, спакувани во 18 картонски кутии, сместени во багажниот простор на возилото. Откако биле откриени, во текот на службениот разговор двајцата сопатници изјавиле дека се деловни партнери, а во Германија имаат бутик за облека. Фустаните ги набавиле во Турција и имале намера без документација да ги пренесат до Германија, каде би ги продавале, но и дека одговорноста за прекршокот ја преземаат и двајцата, соопшти Царинската управа.

Стоката е одземена, а против сторителите е покрената прекршочна постапка, согласно Царинскиот закон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он