На „Богородица“ се чека половина час

Од:

На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

Колони на Табановце и на Богородица, се чека и над еден час

Се чека на Табановце и на Богородица

ВИДЕО: Вообичаени летни гужви на границите, денеска ќе биде пуштен One Stop ситемот на Табановце-Прешево

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ се чека 40 минути, а на „Богородица“ 30 минути

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час