На „Богородица“ се чека 30 минути, на останатите гранични премини нема задржувања

Од:

На граничниот премин Богородица времето на задржување е 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Оваа информација, соопшти денеска АМСМ, се однесува само за македонската страна на премините.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

A1on