На „Богородица“ и „Табановце“ се чека еден час

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Богородица и Меџитлија денеска повторно ќе бидат блокирани двапати по четири часа

Катерина Ѓуровски

Повторно блокади на Богородица и Меџитлија поради протестите на грчките земјоделци

Сообраќајот на Граничниот премин „Богородица“ од попладнево од 15 часот е нормализиран во двата правци

А1он