На „Блато“ запленети 370 килограми марихуана наменети за пазарот во земјава

Од:

Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар се запленети 370 килограми марихуана наменети за македонскиот пазар.

– По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато“ откриена е количина од 370 килограми марихуана. Дрогата беше откриена при излез од албанска територија во камион марка „мерцедес“ со албански сообраќајни ознаки, со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани(26) од пограничното село Долно Ѓурица. Крајната дестинација била Северна Македонија, стои во вечерашното соопштение од полицијата.

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата.

Дрогата е откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото. Била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога и спречување на било какви  меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина на дрога запленета на двете страни од овој граничен премин.

Би можело да ве интересира

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Мицкоски: Спорен правилник отворил врата за канабис надвор од стандардите