На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница приведен е албански државјанин, баран со меѓународна потерница.
– На граничниот премин „Блато” на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато” го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатираа дека е баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија.
Тој е пренесен во Одделението за внатрешни работи – Дебар за понатамошна постапка.
На овој премин во средината на минатиот месец на влез во државава, беше уапсен Ј.В. (44) од Република Албанија, кој е баран од страна на Интерпол Луксембург.
