На автопатот Тетово-Скопје e фатен возач кој се движел со 207км/час, казнет e со 400 евра

Од:

Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје. Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

-Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра, информира за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролата биле констатирани вкупно седум пречекорувања на максимално дозволената брзина.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок