На „Ало докторе“ за една недела 1.331 повици

Од:

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 8 февруари до вчера) имало 1.331 повици, соопшти Здравствен дом Скопје. 

Од 15 септември 2014 година кога започна да работи телефонската линија „Ало докторе“, досега, имало 77.007 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за сезонски настинки, зголемен крвен притисок, симптомна болка, зголемена телесна температура и кашлици од променливото време.

На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем